Петта година по ред Дубровник нема да остане запаметен само по најдобрите туристички доживувања или филмски сетови, туку на четири денови ќе стане центар за најдобрите дебати за иднината и развојот на телевизијата. New Europe Market е медиски настан на кој присуствуваат најголемите експерти од полето на телевизијата и медиумите, а во панел дискусиите за преживувањето на FTA каналите меѓу се` поголемата конкуренција, ќе зборува еден од најистакнатите панелисти на овогодинешниот NEM и извршен директор на групацијата Antenna International, Pete Smith.
Saznaj više: https://marketing365.mk/